Кожув вади полуфинална виза во Софија
16.03.2016 17:13
Гевгелискиот состав има два триумфа и три порази во групата од вториот натпреварувачки сегмент, исто како и Пеќ кој ќе ја пречека водечката Сигал Приштина.

Во завршна фаза е и Балканската кошаркарска лига. Нашиот претставник Кожув денеска ќе игра во Софија против Левски, а со победа ќе го обезбеди полуфиналето.
Гевгелискиот состав има два триумфа и три порази во групата од вториот натпреварувачки сегмент, исто како и Пеќ кој ќе ја пречека водечката Сигал Приштина.
Поради подобар меѓусебен биланс, Кожув сам решава за својата судбина и ќе биде сигурно втор во групата во случај на успешен настап кај Левски.
Доколку загуби, услов да се пласира во полуфинале е пораз на Пеќ.
