Брисел: Клучен самит за решавање на бегалската криза

17.03.2016 10:08

Денеска во Брисел почнува самитот посветен на бегалската и мигрантската криза. Претседателот на Европскиот совет, Туск, во писмото до шефовите на државите и владите, за овој самит, ги потсетува дека на 7 март е добиен нов предлог од Турција, за тоа, како понатаму да се зајакне соработката...

Шефовите на држави и влади на земјите-членки на Европската Унија, денеска и утре во Брисел ќе одржат Самит посветен на бегалската криза.

Договорот што Европската Унија го постигна пред десет дена на неформален самит со Турција предвидува Брисел меѓу другото да и даде дополнителни три милијарди евра на турската држава до 2018-та година.

Унијата ќе треба да обезбеди и укинување на визите за турските државјани до крајот на јуни годинава.

Според очекувањата на ЕУ-лидерите, заклучоците по самитот се очекува да донесат крај на овој проблем на „стариот континент“ и повторно воспоставување на Шенген-зоната.