Се „крчка“ ли нова странска инвестиција во Велес?
Германски Макарт повлече нога, и други старнски компании од автомобилската индустрија биле заинтересирани за инвестиција во Велес. Министерот Веле Самак открива дека преговори има, во исчекување е крајната одлука на потенцијалните инвеститори.
„Од оние странски инвеститори кои немаат донесено одлука имаме повеќе такви проекти и нормално секогаш е важно да сте подготвени на терен пред да дојдат, колку од нов ќе успееме да убедиме да дојдат тоа е друго прашање“, вели Самак.

Покрај индустриските зони во Велес, на странските инвеститори Владата им ги нуди и некогашните фабрики, чии погони се празни.
„Општината има направено план за повеќе локации за нови градби во околината на велес а истовремено ги гледаме и постоечките капацитети кои се поранешни фабрики кои не се користат да видиме дали нешто може да се искористи“, додава Самак.
За локланата самоупрва секоја инвестиција е добредојдена, но тоа мора да биде незагадувачка.Најавите за влез на нов инвеститор, ниту се потврдуваат ниту деменатираат.
„Секогаш кажуваме кога е готова работата јас се надевам дека задоволството ќе биде општо и ќе кажемемногу брзо која е новата инвестиција“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес
Инаку Макарт пред неколку дена ја купи парцелата во индустриската зона Караслари. За 100 000 квадратни метри тие платија 125 илјади евра. Градбата на фабриката во која ќе се вработат 600 велешани треба да започне напролет.
Дијана Иванова