Европа

Продажбата на автомобили зголемена за 14,3%

17.03.2016 10:47

Според податоците на Асоцијацијата на европските производители на автомобили, само во Грција и во Холандија продажбата е намалена

Продажбата на автомобили во Европа во февруари е зголемена за 14,3 насто во однос на истиот месец лани, а во Италија дури за една четвртина.

Според податоците на Асоцијацијата на европските производители на автомобили, само во Грција и во Холандија продажбата е намалена, додека во другите членки на ЕУ е регистриран двоцифрен раст на февруарската продажба на годишно ниво, освен во Австрија, Британија и Словенија.