МВР: Нема издадени нови потврди за азил
Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди за намера за поднесување барање за азил на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител...

Во изминативе 24 часа не се издадени нови потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.
Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди за намера за поднесување барање за азил на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
Од почетокот на годинава до 15 март до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лица од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.
