Заврши првиот модул од обуката на кандидатите за полицајци од 2015-та

17.03.2016 12:02

Оценувачи се искусни полициски службеници од сите сектори на МВР, кои секојдневно ги извршуваат работните задачи од областа на јавниот ред и мир.

Кандидатите за полицајци кои што во 2015-та година ја започнаа едногодишната обука во Центарот за обука во Идризово, го завршија првиот (четиримесечен) модул од обуката тематски посветен на областа на заштита на јавниот ред и мир, соопштуваат од МВР.

Оваа прва фаза од обуката која што се состоеше од тримесечна теоретска едукација и едномесечена теренска работа во Секторите за внатрешни работи при МВР, завршува со полагање на првиот тест - за мерење компетенции, и тоа практично, во реална ситуација, на работните места каде што ја изведуваат теренската обука.

Оценувачи се искусни полициски службеници од сите сектори на МВР, кои секојдневно ги извршуваат работните задачи од областа на јавниот ред и мир.

Вчера се спроведе полагањето на првиот тест- мерење компетенции со практична работа од областа на јавниот ред и мир за вкупно 64 кандидати за полициски службеници од територијата која ја покрива Секторот за внатрешни Велес. Од страна на Вишиот советник за континуирано стручно и физичко оспособување и обучени ментори од редовниот состав на полицијата, кандидатите секојдневно беа упатувани на терен каде практично го искусија полициското работење пред се од областа на јавниот ред и мир, преку позорна, патролна служба, служба за интервенција и друго. Со денешното полагање, кандидатите добиваат поени за стекнати знаења кои понатаму влијаат за конечната селекција, велат од МВР.

Пред кандидатите во текот на интернатската обука претстојат уште два образовни модула– од областа на сообраќајот и гранични работи и кривично- правна материја, кои што идентично на веќе завршениот модул, се состојат од по три месеци теоретска работа и по еден месец теренска или практична едукација.