Шверцерите на мигранти ги менуваат маршрутите
17.03.2016 12:14
Бројот на мигранти кои секој ден доаѓаат на Лезбос и другите острови речиси и да не е променет од почетокот на операцијата на НАТО во Средоземно Море...

Шверцерите на луѓе продолжуваат да превезуваат мигранти од Турција за Грција, менувајќи ги маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО, поради што приливот на мигранти кон грчките острови воопшто не е прекинат.
Бројот на мигранти кои секој ден доаѓаат на Лезбос и другите острови речиси и да не е променет од почетокот на операцијата на НАТО во Средоземно Море, минатиот месец, која во моментов е ограничена за момента на морето меѓу Лезбос и Турција.
