Објавени стартните петорки на НБА Ол-Стар мечот

24.01.2014 16:18

НБА лигата ги презентира гласовите од изборот за почетните петорки, на 63-тиот меч на сите ѕвезди, што на 16-ти февруари ќе се игра во Њу Орлеанс Арена.

На Истокот, рамо до рамо со Леброн Џејмс (Мајами) кој што освои најмногу гласови, ќе истрчаат Двејн Вејд (Мајами), Кармело Ентони (Њујорк), Пол Џорџ (Индијана) и Кајри Ирвинг (Кливленд).

Во дресот на Западот, натпреварот треба да го почнат Коби Брајант (Лејкерс), Кевин Дјурант (Оклахома), Кевин Лав (Минесота), Блејк Грифин (Клиперс) и Стивен Кари (Голден Стејт).

Им благодарам на сите што гласаа за мене, но би требало да им се даде шанса на помладите, изјави првата ѕвезда на лигата Коби Брајант, кој што се уште се опоравува од втората последователна повреда што го спречува сезонава да го даде најдоброто од себе