Венецуела: Откриени телата на 17 рудари во масовна гробница
17.03.2016 12:20
Судот повикува на целосно расветлување на случајот, бидејќи според очевидци, рударите биле приведени од вооружени мажи со полициски обележја.

17 рудари, кои се сметаа за исчезнати, се пронајдени мртви во масовна гробница во близина на местото каде исчезнале. Венецуелските власти тврдат дека масовното убиство во југоисточната држава Боливар е резултат на конфликтот за контрола врз импровизираниот рудник за злато.
Судот повикува на целосно расветлување на случајот, бидејќи според очевидци, рударите биле приведени од вооружени мажи со полициски обележја.
Венецуелската полиција почна внатрешна истрага.
