САД: Нови санкции против Северна Кореја

17.03.2016 11:21

Казнените мерки се одговор на нуклеарната проба што Северна Кореја ја изврши на 6 јануари и истрелувањето балистичка ракета на 7 февруари.

САД воведоа нови санкции против Северна Кореја по претходна наредба на претседателот Обама.

Казнените мерки се одговор на нуклеарната проба што Северна Кореја ја изврши на 6 јануари и истрелувањето балистичка ракета на 7 февруари.

Согласно новите санкции, САД го замразнаа имотот и инвестициите на режимот на Северна Кореја и на владејачката Корејска работничка партија.