Јункер: Јас сум умерен оптимист дека ќе склучиме обврзувачки договор со Турција

17.03.2016 12:53

Јункер наведе дека не очекува Турција да стане членка на ЕУ во следните десет години...

Шефот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер изјави дека верува оти Европската Унија би можела да постигне договор со Анкара за надминување на мигрантската криза во пресрет на денешниот Самит во Брисел по тоа прашање, но оцени дека Турција моментално не е подготвена да се приклучи кон ЕУ. 

Јас сум умерен оптимист дека ќе склучиме обврзувачки договор со Турција, напиша Јункер на Твитер, повторувајќи ги оценките, кои ги даде за германскиот весник „Ханделсблат“.

Јункер наведе дека не очекува Турција да стане членка на ЕУ во следните десет години.