Британскиот министер Лидингтон на средба со шефот на дипломатијата Попоски

17.03.2016 12:59

Вчера Лидингтон се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ...

Британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Вчера Лидингтон се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, на кои во фокусот на разговорите биле прашањата за политичката криза во земјава и претстојните избори закажани за 5-ти јуни, како и евроатлантските интеграции на Република Македонија.