Грција

Протести на пакистански мигранти на Лезбос

17.03.2016 13:08

Повеќе од 400 пакистанци се заглавени на островот во обид безбедно да стигнат во Европа.

Пакистански мигранти и баратели на азил одржаа протест на грчкиот остров Лезбос поради депортацијата во Турција.

Повеќе од 400 пакистанци се заглавени на островот во обид безбедно да стигнат во Европа. Со испишани слогани и транспаренти бараа од властите да им дозволат да продолжат кон Евопа.

Повеќе од 300 економски мигранти минатата недела беа вратени во Турција како дел од неодамна постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ кој се очекува денеска да биде финализиран.