„Јастребите на слободата“ одговорни за нападот во Анкара

17.03.2016 13:31

Групата претходно ја презеде одговорноста и за минатомесечниот напад во Анкара...

Екстремистичката група „Јастребите на слободата на Курдистан“,  ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица.

Групата соопшти дека нападот е извршен како одмазда поради операциите во курдскиот југоисточен дел на земјата, кои траат од јули и во кои загинаа стотици цивили, припадници на безбедносните сили и екстремисти.

Групата претходно ја презеде одговорноста и за минатомесечниот напад во Анкара, во кој загинаа 29 лица.