Затворена германската амбасада во Анкара поради терористичка закана
17.03.2016 15:12
Германија во вторникот ги предупреди своите државјани во Анкара за „можен напад“.

Германската амбасада во Анкара и генералниот конзулат на земјата, како и германското училиште во Истанбул денеска се затворени заради терористичка закана.
Германија во вторникот ги предупреди своите државјани во Анкара за „можен напад“.
Во јануари, 12 германски туристи беа убиени во самоубиствен напад во Истанбул, за кој беше обвинета групата Исламска држава.
