Мата во Јунајтед, Есиен во Милан
Жозе Мурињо потврди дека Шпанецот заминува од Лондон, воедно му ветил на Ганецот дека нема да го стопира и неговото заминување од Челси.
Хуан Мата би требало денеска да го комплетира трансферот од Челси во Манчестер Јунајтед. Се шпекулира со бројка од 37 милиони фунти, што ќе биде рекордниот трансфер на актуелниот англиски шампион.

Репрезентативецот на Гана и еден од омилените фудбалери на Мурињо, сезонава не игра според очекувањата и заминува за Милано, во редовите на Росонерите. Микаел Есиен може да игра во ЛШ, со оглед на тоа дека не беше пријавен во ростерот на Лондонските сини за ова натпреварување.
И Мата и Есиен, се очајнички обиди на раководствата на гигантите Милан и Манчестер Ј., да ги спасат сезоните. Јунајтед е во трка за место во елитната шампионска лига и наредната сезона, но Милан во моментов е далеку од пласман што го води европските натпреварувања.