Мекларен го презентира болидот за 2014-та
Англиската екипа прва го покажа својот адут, за наредната Ф1 сезона што ќе биде револуционерна од новата турбо ера, во Светот на најбрзите.
МП4-29 е болидот со кој што третата најтрофејна екипа (по Ферари и Вилијамс) во овој спорт, ќе се обиде да ја врати својата и славата на аглиските екипи, во најпрестижното автомобилистичко натпреварување.
И повторно револуционерно како со кренатите носеви пред неколку сезони, овој дизајн би требало да биде оценет со епитетот - само мајката го сака.

Но, во Мекларен не се загрижени за оценките на јавноста за изгледот на нивното возило, туку ќе се обидат со добрите резултати што ги очекуваат во новото првенство, длабоко да ги закопаат спомените од најлошата сезона во модерната историја на овој ф1 колектив.
Од останатите екипи, Форс Индија и Вилијамс објавија компјутерски генерирани фотографии, од нивните болиди за 2014-та.