Државниот секретар на Ватикан во посета на Македонија

18.03.2016 10:00

За време на посетата на кардиналот Пјетро Паролин во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим...

Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин е во Македонија. Ќе биде гостин на бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов во Скопската бискупија. Во тек е средбата со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев. Ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов.

Кардиналот ќе присуствува и на инаугурацијата на новата бискупска резиденција. Вечер ќе го предводи свеченото евхаристиско славење во повечерието на празникот Свети Јосиф. Утре ќе ги посети спомен куќата на Мајка Тереза, археолошкото наоѓалиште Стоби и привремениот транзитен центар за мигранти „Винојуг“.

За време на посетата на кардиналот Пјетро Паролин во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Приоритет на движење ќе има колоната возила под придружба. Од сообраќајната полиција апелираат, граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да бидат внимателни. По поминувањето на колоната соораќајот ќе биде нормализиран.