Субвенции за овоштарство

18.03.2016 10:13

Овоштарите субвенциите од државата може да ги добијат по 2 основи. За одржување на насадите и за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети.

Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насади од минимум 0,2 хектари подигнати до пролетта 2015 година.

Висината на директните плаќања е 90.000 денари по хектар за јагоди одгледувани во саксии во контролирани услови, и по 33.000 денари за другите видови овошје, и за бадеми и лешници.

За насадите со ореви и питоми костени кои биле финансирани од програмата за рурален развој од 2011 година, субвенцијата е 15.000 денари по хектар.

За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 Декември 2015 година до 25 Декември 2016 година дополнително се добиваат по 2 денари по килограм.

 

Методија Трајков