Финансиската полиција уапси струмички бизнисмен и вработена на бензиска пумпа
Вршеле добро организиран финансиски криминал со набавка на нафта, преку фирмата, во која бизнисменот бил сопственик и управител...

Во акција на Финансиската полиција се уапсени струмички бизнисмен и вработена на бензинска пумпа. Осомничените се товарат дека четири години, од 2010 до 2014 година, вршеле добро организиран финансиски криминал со набавка на нафта, преку фирмата, во која бизнисменот бил сопственик и управител.
Вработената од бензинската пумпа, за паричен надомест од 200 до 250 евра месечно, правела фалсификувани фискални сметки, а го користела и печатот што и бил доверен за должноста.
Со ова, буџетот на земјава бил оштетен за 536 илјади евра. Против двајцата се поднесени кривични пријави за „даночно затајување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“, „фалсификување на исправа“.
