Не е издадена ниту една нова потврда за барање азил
Од почетокот на годинава до вчера, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани...

Во изминатите 24 часа, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Од почетокот на годинава до вчера, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
Во истиот период, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
