САД не ја признаваат федерацијата на Курдите во Сирија
Ние не го поддржуваме самоуправувањето на полуавтономните зони во Сирија и сакаме да видиме обединета, целосна Сирија со друга влада која нема да ја раководи Башар Ал Асад и која ќе одговара на желбите на сирискиот народ, изјави портпаролот на Стејт Департментот...

Стејт Департментот соопшти дека не ја признава автономијата што ја објавија вчера сириските Курди, прогласувајќи Северен федерален регион.
Ние не го поддржуваме самоуправувањето на полуавтономните зони во Сирија и сакаме да видиме обединета, целосна Сирија со друга влада која нема да ја раководи Башар Ал Асад и која ќе одговара на желбите на сирискиот народ, изјави портпаролот на Стејт Департментот Џон Кирби, додавајќи дека ова е поддржано и од други земји.
Курдите вчера прогласија создавање федерален регион во зоната која е под нивна контрола во северниот дел на Сирија.
