Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета
18.03.2016 11:41
Ракетата била лансирана од Сукчон во југозападиот дел на Северна Кореја...

Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето кај источниот брег, само неколку дена откако лидерот на земјата Ким Јонг Ун нареди натамошни проби на нуклеарни боеви глави и ракети, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Ракетата била лансирана од Сукчон во југозападиот дел на Северна Кореја. Минала 800 километри до Источното море. Засега не е познато за кој тип ракета станува збор.
