Анкета на Институтот „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ

18.03.2016 11:50

Според истражувањето, 52,3 проценти од испитаниците одговориле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски би го избрале за премиер, а 19,1 процент лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Според анкетата на Институтот „Павел Шатев“, 37,9 насто од испитаниците се изјасниле дека на парламентарните избори на 5-ти јуни ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,1 процент за СДСМ. Речиси 30 насто одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија.

Според истражувањето, 52,3 проценти од испитаниците одговориле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски би го избрале за премиер, а 19,1 процент лидерот на СДСМ Зоран Заев.

За 88 насто од анкетираните поднесените обвиненија на Специјалното обвинителство за одредени функционери од власта нема да влијаат на нивната одлука за кого ќе гласаат на парламентарните избори. За 5 проценти тоа може да биде решавачко за кого ќе го дадат гласот.

Телефонската анкета на Институтот „Павел Шатев“ е спроведена во периодот меѓу 13-ти и 15-ти март на 1.075 испитаници. Во анкетата биле вклучени испитаници од сите етнички заедници освен Албанците, бидејќи како што сметаат од Институтот, тие генерално гласале за партиите од албанскиот кампус.