Нови мамографи во Скопје, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш и Македонска Каменица
Станува збор за дигитални мамографи, кои во споредба со претходните аналогни мамографи, овозможуваат многу појасна слика, понапредна и попрецизна дијагностика, а имаат и можност за т.н. „computer aided detection“ односно компјутерски потпомогната детекција...

Набавени се 5 нови апарати за дијагностика на карцином на дојка. Здравствен дом Скопје, болниците во Кавадарци, Гевгелија, Радовиш, Македонска Каменица ќе дијагностицираат со новите мамографи. Ќе продолжи и практиката жените од 50 до 55 години да добиваат покана за скрининг.
Станува збор за дигитални мамографи, кои во споредба со претходните аналогни мамографи, овозможуваат многу појасна слика, понапредна и попрецизна дијагностика, а имаат и можност за т.н. „computer aided detection“ односно компјутерски потпомогната детекција, што претставува еден вид „второ мислење“ и дополнително ја потврдува точноста на наодот односно скоро на минимум ја сведува можноста докторот за згреши односно да не види определена промена и на тој начин да има погрешен наод, соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров.
Исто така, дигиталните мамографи овозможуваат и вмрежување на сите апарати со цел централизирано следење на нивните перформанси.
