Иванов: Ќе се водам од интересите на државата
18.03.2016 17:28
Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, наркодилери, силеџии на избори...

„Ќе се водам од интересите на државата и на граѓаните, нема да помилувам за тешки кривични дела“ – вели претседателот Иванов по одлуката на Уставниот суд со која му се враќаат ингеренциите кои ги имаше до 2009 година.
„Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, наркодилери, силеџии на избори, терористи и екстремисти. Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и она што е во интерес на државата“, нагласи претседателот Иванов.
