Инспекторатот на терен во пресрет на новата реколта
Контрола на откупот и пласманот на земјоделските производи и контрола на квалитеттниот семенски материјал за новата производствена реколта, бараат земјоделците, а најавува инспекторатот. Субврнциите редовно се ислаќаат, а производителите најзаинтересирани за нова механизација и закуп на земјоделското земјиште...

Поголема контрола на откупот и пласманот на земјоделските производи, како и контрола на преработувачките капацитети за редовна исплата на откупеното земјоделско приоизводство во земјава, бараат производителите од државниот земјоделски инспекторат.
„Инспекторатот да помогне целосно во откупот, да ги натера проиводителите и навреме да го палатат производството, бидејќи имаме неплатено производство. Имаме уште пари за земање за пиперките“, вели Цветан Чушкоски, земјоделец.
„Преработувачките капацитети во македонија, и покрасј тоа што имаме склучени договори со нив, до ројовите кои се дадени вио самиот договор, не ги испочитуваа, односно нема исплата на парични средства“, изјави Рубин Благадуша, откупувач.
Инспекторатот уверува дека ги контролира откупите на сите производи, последно беше откупот на тутунот. Моментално, на почетокот на новаста реколта се води строга контрола на пестицидите и семенскиот материјал. Дел количества семе се повлечени од пазарот.
„Трудот на македонскиот земјоделец мора да биде вреднуван правилно, без манипулации, а тоа ние како инспекторат нема да го дозволиме. Останатиот дел, што значи дијалог меѓу земјоделците и откупувачите на земјоделски производи и прерасботуцвалите, стоуе на располагање како министерство да бидеме еден вид медијатор.. Малку повеќе сме фокусирани на пестицидите, односно производите на заштита на растенија и семе и садниот материјал. одредено мало количество кое е затекнато е одземено“, изјави Цветан Трипуновски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Во меѓувреме, нема засотј во исплатата на субвенциите за тутунот, градинарските и житните култури.
„Во тек е исплатата на субвенциите за 2015 година. како што се обработуваат податоците, така се врши исплатата“, вели Томче Стојчески, контролор во платежната агенција.
Земјоделците сега се најзаинртересирани за набавката на субвенционираната механизација и за „Млад земјоделец“. Законските измени и огласите се во прилог на земјоделците- наполовина се скратува рокот, на 90 дена, за исплата на субвенциите за градинарските култури, продолжена е легализацијата на механизацијата,а идната недела е огласот за каупот на земјиштето.
Елизабета Митреска
