Очекувања од самитот за бегалската криза
Дали Европската Унија и Турција ќе најдат заедничко решение за бегалската криза? Официјален Брисел ќе го презентира планот на турскиот премиер, Давутоглу...

Нема формален договор меѓу лидерите на ЕУ, само заеднички став за решавање на бегалската криза, а кој попладнево ќе му биде презентиран на турскиот премиер Давутоглу. Иако е постигнато навидум усогласување на позициите на членките на Унијата, тензично останува дали Турција ќе се согласи на барањата на Европската Унија, а за возврат да добие само непишано ветување за серијата услови кои таа ги постави.
„Атмосферата беше конструктивна. Потребно е да ги вложиме сите напори за да постигнеме договоро со Турција. Очигледно е дека имаше неколку отворени прашања кои мора да ги надминеме“, изјави германската канцеларка Меркел.
„За Турција бегалската криза не е ситуација за преговарање, туку прашање на хуманитарни вредности како и на европските вредности“, изјави премиерот на Турција, Давутоглу.
Имено Европа сака да го затвори проблемот со напливот мигрант, на начин што Турција ќе биде обврзана да ги прими сите нови илегални бегалци кои во моментов се наоѓаат на грчките острови, но во истовреме стравува од одбрувањето на безвиниот режим кон оваа 80 милионска држава.
Помала загриженост за европските лидери е турското барање за интензивирање на пристапните преговори, пред сѐ затоа што тоа е долг процес, а во моментов Европската Унија цени дека Турција е далеку од можноста да биде полноправна членка.
И секако на крај, се дополнителните 3 милијарди евра кои на Турција ќе треба да и бидат одобрени во наредниве 3 години. Инаку ова е деветти по ред вонреден самит за решавање на мигрантската криза.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
