Груевски во Радовиш: 80 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура
Најголемата инвестиција во износ од 64 милиони евра е за изградба на експресниот пат Радовиш- Штип, во должина од 40 километри, а за кој е во тек тендерска постапка за избор на изведувач.

Осумдесет милиони евра ќе бидат вложени во патната инфраструктура во Радовиш и околните места- изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој беше во посета на регионот.
Најголемата инвестиција во износ од 64 милиони евра е за изградба на експресниот пат Радовиш- Штип, во должина од 40 километри, а за кој е во тек тендерска постапка за избор на изведувач.
Првата фаза е завршена. Пријавени се 18 компании, дел од нив што ќе се квалификуваат за втората фаза ќе дадат и конкретни понуди така што се очекува изградбата на експресниот пат да почне во јуни-јули годинава.
Жителите на Подареш побараа во селото да се изгради и повеќенаменско игралиште, како и спортска сала, објект што сметаат дека е многу важен за околу 400 ученици во ова село.
