Поднесени 13 кривични пријави против 24 лица од акцијата „Гора“

20.03.2016 14:29

Со сторените дела пријавените стекнале противправна имотна корист од околу 350 000 денари ...

СВР Скопје, постапувајќи по акцијата „Гора“, поднесе 13 кривични пријави против 24 лица (седум од Велес другите од Скопје) поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 18 кривични дела од кои: по шест „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, две „кражба“ и по едно „фалсификување службена исправа“, „помагање“ в.в „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „прикривање“.

Со сторените дела пријавените стекнале противправна имотна корист од околу 350 000 денари и предизвикале јавна штета од околу 3.700.000 денари.