Закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари
Објавен е оглас за закуп на мали државни земјоделски парцели до 3 хектари во 14 општини. Површините се нудат наменски за сточарите за производство на добиточна храна...

Вкупно на огласот се понудени скоро 700 хектари во 14 општини од кои поголемите површини се во Свети Николе 427, Штип 79, Берово 31 и во Битола 20 хектари.
Парцелите се наменски за производство на добиточна храна, житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години.
Максималната површина која може да се даде во закуп на еден учесник е 3 хектари доколку понудувачот има најмалку 5 глави говеда или 50 овци или кози и 20 свињи и соодветен број на живина.
Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар.
Почетната цена се утврдува во зависност од катастарската класа и местото каде што се наоѓа земјиштето. Огласот трае 30 дена.
Методија Трајков
