Атина: Грција не е подготвена за спроведување на договорот меѓу Брисел и Анкара
Грчките власти не ги прераспоредуваат ниту бегалците во импровизираниот камп на границата меѓу Македонија и Грција, каде што според последните информации има околу 15 илјади мигранти.

Грција не е подготвена за спроведување на договорот меѓу Брисел и Анкара за враќање на мигрантите и бегалците од нејзина територија, изјавија во владата во Атина.
Напротив, во пристаништето во Пиреја синоќа пристигнаа нови 1.300 мигранти од островот Лезбос. Грчките власти не ги прераспоредуваат ниту бегалците во импровизираниот камп на границата меѓу Македонија и Грција, каде што според последните информации има околу 15 илјади мигранти.
Тие и натаму планираат да заминат во некоја од земјите од ЕУ. Во меѓувреме, во кампот се зголемува бројот на заболени од шуга и од жолтица.
