Градежна афера во Охрид
Проблемот настанал пред неколку месеци кога на сопствениците на становите им било одбиено барањето за издавање на имотни листови,со образложение дека нивните станови се на листата на А.Д.
Проблемот настанал пред неколку месеци кога на сопствениците на становите им било одбиено барањето за издавање на имотни листови,со образложение дека нивните станови се на листата на А.Д. за стопанисување со стамбен и деловен простор за присилна наплата на долг од Градежната фирма „Трудбеник“.Граѓаните прашуваат како може нешто што е нивна сопственост,за што имаат уредни документи заверени на нотар и платени давачки кон државата да биде дел од должночко доверителните односи помеѓу претпријатијата.Уште повеќе ги изреволтирал односот на извршителот,кој иако има судска забрана насилно влегол во еден од становите и ја сменил бравата,оставајќи ги сопствениците на улица,поради што ќе поднесат кривична пријава.
„Извршителот Душан Филиповиќ во текот на вчерашниот ден ми го оби станот поради што не можев да влезам во мојот дом, рече Руме Цветаноски-сопственик на стан.
„Тоа нему не му дава за право на некој што дал пари уште во 2 009 година,односно станот го отплатил пред 2 011,2 012 да врши притисок,бидеќи тој има спор со Трудбеник, информираше Ирена Бачиќ-сопственик на стан
„Што сме ние должни да исплаќаме нечии туѓи долгови,кога се работи за наша сопственост, огорчено вели Александар Бачиќ-сопственик на стан Ирена Бачиќ-сопственик на стан.
Сопственикот на градежната фирма вели дека станарите имаат право да го штитат својот имот кој го стекнале законски и уверува дека долгот може да биде наплатен од друг имот.
„Сигурно дека имаме воља се да се реши на најдобар начин,секако не на штета на граѓаните.Барем според она што јас го исконтактирав со нив ,она што им го дадов како гаранција за обезбедување на плаќањето за кое нема никаков проблем да го преземат„. Ацо Спироски-сопственик на АДГ „Трудбеник“.
Од А.Д. за стопанисување со станбен и деловен простор рекоа дека не ги знаат целосно деталите за овој случај,бидеќи поради ненаплатени долгови поднеле 800 тужби против правни субјекти во земјата. Сепак велат дека сопственоста се гарантира со имотен лист и дека основниот долг на „Трудбеник„ без затезни камати е 7 милиони денари.
Сашо Нелоски
