Чешка полиција: Полицајците постапуваат професионално на границата
Го отфрламе категорично објавеното сведоштво за наводното непрофесионално постапување на нашите полициски службеници, во минатиот понеделник при обидот за илегално преминување на македонската граница...

Во соопштението од чешката полиција се негираат пишувањата во некои медиуми за непрофесионален однос на чешките полицајци, распоредени на македонско- грчката граница, јавува МИА од Прага.
Го отфрламе категорично објавеното сведоштво за наводното непрофесионално постапување на нашите полициски службеници, во минатиот понеделник при обидот за илегално преминување на македонската граница. Чешкиот контингент немал контакт со активисти од невладини организации или новинари, бидејќи е распореден покрај Вардар, се вели во соопштението.
Обидот на некои медиуми, по секоја цена да добијат сензационална вест не треба да ги нарушува основните правила на новинарството, а тоа е да се информира од веродостојни извори, се вели понатаму во соопштението.
Претходно медиумите објавија за наводно малтретирање на чешки и на австриски хуманитарни активисти.
