Охрид за Велигден со гости од странство
21.03.2016 10:20
Дел од хотелските капацитети долж ривиерата веќе се резервирани со туристи од Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Полска, но и од далеку источните земји...

Охрид преполн за Велигденските и за мајските празници. Дел од хотелските капацитети долж ривиерата веќе се резервирани со туристи од Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Полска, но и од далеку источните земји, кои најчесто ги бараат тридневните и седумдневните пакет аранжмани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари годинава, во однос на лани е зголемен за 16,3%, а на ноќевањата за 20,2%.
