Барак Обама пристигна во историска посета на Куба
На аеродромот во Хавана, Обама беше пречекан од кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, но не и од претседателот Кастро...

Американкиот претседател Обама доцна синоќа пристигна во Хавана, во историска посета на Куба. За време на посетата е предвидено е Обама да одржи средба со кубанскиот претседател Раул Кастро и со група политички дисиденти, а ќе зборува и во Националниот театар во Хавана.
На аеродромот во Хавана, Обама беше пречекан од кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, но не и од претседателот Кастро кој неодамна ги пречека на аеродромот папата Франциск и рускиот патријарх Кирил.
По пристигнувањето, Обама најпрвин ја посети Амбасадата на САД, што по обновата на односите во декември 2014, беше одново отворена во август минатата година.
