Втор дел од екстерното тестирање
24.01.2014 16:43
Околу 20.000 матуранти на жешкото столче за вториот предмет...

Околу 20.000 матуранти на жешкото столче за вториот предмет. Немало проблеми.Слика слична од завчера - учениците велат дека прашањата биле лесни зашто биле објавени пред еден месец, но некои наишле и на материјал што не го учеле.
Екстерното тестирање е успешно спроведено, став на Министерството за образование. Министерот вели дека за учениците кои учеле тестирањето било лесно, ониепак кои не биле подготвени, даваат невистинити забелешки.
„Секој приговор ќе биде разгледан, секој приговор што е издржан ќе биде прифатен. Не би сакал да оценувам однапред дали се издржани или не приговорите, но ве уверувам дека генерално се што ќе биде дадено како извесна забелешка, максимално внимателно ќе биде разгледано од институциите“, вели Спиро Ристовски министер за образование и наука.
Сега ќе се чекаат резултатите. Учениците што постигнале , а професорите дали објективно оценувале.
„Нема потреба да се плашат ниту учениците ниту професорите, тоа е еден дел што може и треба да им се дообјасни на луѓето, во цела Европска унија се применува. Кај нас го сведовме на нашето ниво, можеби треба да има технички подобрувања, што е нормален дел за успешноста на целиот проект“, изјави Александар Канурков, директор на СЕПУГС „Васил Антевски- Дрен“.
Процесот на екстерното тестирање го следеа 150 набљудувачи.
Учениците коишто нема да имаат оценка од екстерното тестирање нема да може да земат свидетелство на крајот на годината. А оние кои се оправдано отсутни,ќе полагаат дополнително.
За учениците од другите генерации екстерното тестирање ќе се спроведе на крајот на учебната година.
Ана Јосифоска
