Женева: Продолжуваат преговорите за Сирија

21.03.2016 11:21

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура во петокот ги повика властите во Дамаск да изнесат конкретни предлози за политичката транзиција во земјата.

Денеска во седиштето на ОН во Женева треба да продолжат индиректните мировни преговори на завојуваните страни во Сирија.

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура во петокот ги повика властите во Дамаск да изнесат конкретни предлози за политичката транзиција во земјата.

Тој истакна дека на сириските власти им било ставено до знаење дека не смеат да ги избегнуваат суштинските прашања.

За време на преговорите минатата недела, Русија нареди повлекување на поголемиот дел на својот воен контингент од Сирија по шест месеци воздушни напади на позициите на џихадистите.