Јемен: Владата и бунтовниците се согласија на примирје
21.03.2016 11:56
Во главниот град Сана вчера била одржана средба меѓу бунтовниците и претставникот на ОН за Јемен, Исмаил Ахмед...

Јеменските шиитски бунтовници Хути и владата на Јемен се согласиле на примирје во траење од една до две недели.
Во главниот град Сана вчера била одржана средба меѓу бунтовниците и претставникот на ОН за Јемен, Исмаил Ахмед, при што хутите се согласиле да ја спроведат резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бара тие да го предадат оружјето и да се повлечат од територијата што ја окупираа.
