Сеул: Северна Кореја истрела ракети со краток дострел
21.03.2016 12:19
Од Генералштабот на Јужнокорејската армија соопштуваат дека состојбата внимателно се состојбата и дека армијата е ставена во состојба на зголемена борбена готовност.

Северна Кореја истрела неколку ракети со краток дострел, кои паднале во водите на Јапонското Море. Ракетите биле лансирани од североисточниот дел на Северна Кореја.
Од Генералштабот на Јужнокорејската армија соопштуваат дека состојбата внимателно се состојбата и дека армијата е ставена во состојба на зголемена борбена готовност.
Сеул инцидентот го оценува како уште една провокација како реакција на заедничката воена вежба на Јужна Кореја и САД, која е во тек.
