Канадската авторка Маргарет Етвуд добитник на Златниот венец на СВП

21.03.2016 12:34

Таа е романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка. Нејзиното пишување, главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови.

Канадската авторка Маргарет Етвуд е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, соопшти денеска раководството на поетскиот фестивал.

Таа е романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка. Нејзиното пишување, главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови. Позната е по своите романи, но еднакво е успешна и во поезијата.

Во нејзиниот опус се вбројуваат и голем број збирки кратки раскази и книги за деца. „Златниот венец“ на Етвуд ќе и биде врачен на годинашното, 55-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.