Многу непознати за парцелата кај Народна Банка

24.01.2014 16:43

За градоначалникот  на Центар причина за поништување на одлуката за јавното наддавање за градежната парцела кај Народна банка бил притисокот на јавноста. Жерновски смета дека станува збор за штетен договор и за криминална операција и го праша министерството за  транспорт за законската основаност за вчерашното поништување. 

За градоначалникот  на Центар причина за поништување на одлуката за јавното наддавање за градежната парцела кај Народна банка бил притисокот на јавноста. Жерновски смета дека станува збор за штетен договор и за криминална операција и го праша министерството за  транспорт за законската основаност за вчерашното поништување. 

,,Врз основа на кој член тој вчера одлучи да ја поништи распродажбата на оваа парцела и тоа по багателна цена .Како тоа еден ден нема можности ,а другиот веќе има можности .” - Андреј Жерновски – градоначалник на Општина Центар

Од транспорт експресно реплицираа.Поништувањето е направено во согласност  со член 56 став 7 од Законот за градежно земјиште,а сите уплатени средства ќе бидат вратени  во целост на најповолниот понудувач. Жерновски  побара оставка од Јанакиески , а министерството за транспорт и врски го повика да престане со дезинформации и манипулации и да изврши   увид во целокупната документација .

Општина Центар предвидела почетна цена за отуѓување  на ова земјиште од евро за квадрат , што е доказ дека и таа ги мала истите информации од Катастарот ,велат од Транспорт.

,,Во програмата што градоначалникот Жерновски им ја поделил на советниците во октомври 2013 –та јасно стои дека е предвидена почетна цена за отуѓување на ова земјиште од 1 евро за квадрат  што е доказ дека и тие располагале со истите документи за кои вчера информиравме .” - Драган Симоновски-портпарол на Министерството за транспорт и врски

Жерновски најави дека во четврток, на наредната седница на Советот на општината,  е предвидена расправа околу превземање на градежното земјиште во владение на РМ под управување на Центар . Поради превид на Катастарот  вчера Комисијата во транспорт го поништи јавното наддавање за спорниот плац кај Народна банка.

Свето Николовски