Одложена седницата на Комисијата за политички систем
21.03.2016 13:04
Причина за одложувањето е што на собраниската комисија не се појави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, и покрај тоа што на таа седница беше уредно поканета.

Одложена е седницата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците, на која што требаше да се расправа за шестмесечниот извештај на СЈО. Причина за одложувањето е што на собраниската комисија не се појави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, и покрај тоа што на таа седница беше уредно поканета.
Според претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, ова е непочитување на Уставот. Катица Јанева, пред неколку дена изјави дека таа има обврска да поднесува извештај, но не и да го образложува.
