Иванов: Кризата да не се користи за теснопартиски цели

21.03.2016 13:11

Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за теснопартиски интереси и освојување евтини дневнополитички поени во предизборниот период, смета претседателот Иванов...

Ниту една земја сама не може да го носи товарот на бегалската криза. Меѓународната заедница мора да носи брзи и конкретни решенија, смета претседателот Иванов. Според него треба да се прати јасна порака дека балканската рута дефинитивно е затворена, да се донесе нов „Маршалов план“ за Блискиот Исток и Северна Африка и меѓусебната доверба и соработката.

Во МАНУ научна дебата за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија и бегалската криза. Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање порача дека освен предизвик, мигрантската криза е и можност за враќање на чувството за државност и одговорност кај политичките партии во Македонија, и од власта, и од опозицијата.

Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за теснопартиски интереси и освојување евтини дневнополитички поени во предизборниот период. Мора да и се стави крај на политичката криза и на погубната политичка поделеност во Македонија, рече Иванов.