Судската администрација на тридневен штрајк

21.03.2016 15:29

Незадоволни се од законот за судска служба, и бараат корекција на платите.

Синдикатот на УПОЗ најави тридневен штрајк на судската администрација, што почнува в среда. Незадоволни се од законот за судска служба, и бараат корекција на платите.

Во среда и четврток штрајкот ќе се одржува во работно време, а во периодот од 10 до 11 часот судските службеници своето незадоволство ќе го искажат пред судовите.

Во петок ќе биде организиран протест кој ќе започне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација, а ќе заврши пред Владата.