Собрание: Откажана комисијата за извештајот на Јанева
Одложена е седницата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците, на која што требаше да се расправа за шестмесечниот извештај на Специјалното обвинителство. Обвинителката Јанева не се појави на седницата. Според претседателот на комисијата, Ѓорчев, ова е непочитување на Уставот. СДСМ најави дека ќе го каже својот став на пленарната седница, закажана за 28-ми март...

Специјалната обвинителка, Катица Јанева не дојде на седницата на Комисијата за политички систем на која требаше да се разгледува шестмесечниот извештај од нејзината работата. За пратениците од власта, ваквиот потег е непочитување на Уставот. Велат, Јанева покрај тоа што имала имала уредна покана, имала и обврска како и сите функционери избрани од Собранието да го образложи извештајот.
На прашање дали Јанева има обврска да дојде во Собранието, од СДСМ без конкретен одговор. Велат нивниот став ќе го соопштеле на комисиската расправа. Пратеничката група на СДСМ обвини дека власта селективно закажува седници и дека онаа на која требало да се разгледува ланскиот извештај за работата на обвинителот Зврлевски, се уште нема датум.
Нова седница е закажана утре. Јанева преку писмен допис до институциите информираше дека нема законска обврска усно да го образложува извештајот. Документот треба да се разгледува на пленарна седница на 28 март.
Анита Димитријевска
