Текстилна индустрија: Инвестиции во современи машини за поголема продуктивност
За поголема продуктивност во текстилниот сектор е потребно да се вложи во современи машини- велат од ресорното здружение во Стопанската комора. Оттаму сметаат дека ќе продолжи трендот на пораст на платите, но се жалат дека странските компании им го земаат кадарот...

Растат нарачките за текстилците од традиционалните европски пазари, а бројот на вработени се доближува до бројката од 38 илјади. Платите постојано се зголемуваат и во просек достигнаа 14.010 денари. Доколку домашните текстилни фабрики сакаат да ја задржат конкурентноста на странските пазари, да го следат растот на платите и да останат прфитабилни, ќе мора да продолжат да ја зголемуваат продуктивноста и да вложувааат во нова опрема.
„Значи мора да вложуваат повеќе во посовремени машини, во автоматски машини, каде што со ист број работници ќе оставруваат поголемо производство и така ќе можат да останат конкурентни на странските пазари о понатаму. Тие што нема тоа да го сторат, со ваквиот раст на платите ќе бидат првите што ќе мора да ја затворат компанијата и да се откажат од натамошното производство“, изјави Ангел Димитров, претседател на Здружението за текстилна индустрија при Стопанската комора.
Вложеното во текстилниот бизнис се враќа за 5 години, вели Димитров изатоа странците влегуваат во овој сектор. Проблем е нелојалната конкуренција на фабриките од тирзовите кои ги преземаат вработените од оваа индустриска гранка, која бара во иднина даночни привилегии единствено да се добиваат доколку се вработуваат невработени лица. Во извозот вреден 596 милиони долари и натаму доминира лон производството со 93 до 95% од продукцијата.
„Извозот од оваа гранка учествува со 13,3% во вкупниот извоз на земјава, а земјите како Германија, Холандија, Италија се јавуваат како најголеми партнери на нашите македонски текстилни компании“, вели Сашо Деспотовски, Стопанска комора на Македонија.
Македонските текстилни фабрики се интересни за странските веле трговци пред сѐ поради близината до пазарот и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена. Текстилците бараат од владата преку даночни олеснувања да се стимулираат домашните трговци доколку ангажираат домашна фабрика, а производството е наменето за извоз.
Свето Николовски
