Димитриев: Нови каптални проекти во Кочани

21.03.2016 16:36

Кон средината на годинава почнува изградбата на новиот експрен пат Кочани – Штип. Инвестицијата е вредна 53,4 милиони евра. Кочани со експресен пат ќе се поврзе и со Штип. Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, најави нови капитални проекти за овој регион...

Во јуни почнува изградбата на експресниот пат Кочани- Штип, долг 26 километри, вреден 53,4 милиони евра, најави премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Рече дека наскоро ќе се реновира и 30 километарската патна делница Кочани – Македонска Каменица – Делчево за која ќе се издвојат  околу 6 милиони евра.

„Во следните неколку месеци се отпочнува со работа на два нови проекти кои ги ветивме и согласно ветеното започнуваме да ги реализираме. Два проекти се во вредност од речиси 60 милиони евра, средства обезбедени од владата и кои ќе бидат инвестирани тука во Кочани“, изјави премиерот Емил Димитриев.

Жителите на Кочани почнаа да ги користат и двете улици, дел од реализираната локална инфраструктура.

„Заемот од Светска банка е наменет за асфалтирање на 10 улици во вкупна должина од 3,9 километри“, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Владата дополнително ќе и помогне на општината со милион евра за пречистителна станица, како и за изградба на браната „Речани“. Во Кочани, Димитриев најави проширување на производтсвото на компанијата „Антура“ што според него, заедно со компанијата „Амфенол“ ќе доведе до илјада нови вработувања во следниот период.

 

Наташа Гркова- Петрушевска