Милијарда евра инвестиции во патната инфраструктура
Рехабилитација на постојните и изградба на нови експресни патишта и автопати е фокусот на вниманитето на Министерството за транспорт и врски и на ЈП за државни патишта. Главно, во македонската патна инфраструктура ќе се инвестираат преку една милијарда евра. Надлежните денеска на терен во Долненско...

Животот на жителите од 15 населени места во општина Долнени ќе се подобри со рехабилитацијата на 17 километри на регионалниот пат Лажани- Пешталево- Црнилиште. Работите се во тек, а во нив се воќени 1,8 милиони евра
„Овој пат значеше многу голем проблем, за нас, жителите на општина Долнени, за жителите на населените места Ропотово, Пешталево, Црнилиште и Секирци.“
„Плаќавме за регистрации, табли, за патишта, но дојде времето денеска да почне да се работи“, врлат жителите на општина Долнени.
Македонското јавно претпријатие за државни патишта годинава се фокусира токму на рехабилитацијата на регионалните и магистрални патишта во земјава стари преку 40 години. Се вложуваат дополнителни буџетски пари
„Веќе се потпишани договорите за 10 регионални патишта, а оваа година ќе бидат обезбедени дополнителни пет милиони евра, од насши сопствени средства, кои ќе ги вложиме за најлошите секции на патиштата што ги имаме во Република македонија“, изјави Александар Стојанов, директор на ЈП за државни патишта.
Државата вложува во патната инфраструктура во помалите општини но и во водоводната и канализационата мрежа. Долнени годинав ќе добие 2,2 милиона евра. Министерството за транспорт и врски годинава се фокусира и на експресните патишта и трите автопати во земјава.
„Преку 164 километри нови експресни патишта или во средства, преку 330 милиони евра. начелно, со автопатите што ги градиме и со овие средства што дополнитерлно ќе ги вложиме,сигурен сум и убеден сум дека преку една милијарда евра ќе имаме во патната инфраструктура“, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.
Долнени ќе се поврзе со Чашка, а за два месеца ќе се гради патот Прилеп- Градско од 33 километри.
Елизабета Митреска
