Најмалку 11 загинати во две експлозии на бриселскиот аеродром
олицијата потврдила дека експлозиите се случиле околу 8 часот изутрината, предизвикувајќи сериозна материјална штета, без да дава детали дали се поврзани со тероризам.

Две експлозии на аеродромот во Брисел. Најмалку 11 луѓе се загинати, а 20-тина се ранети на аеродромот „Завентем“. Полицијата потврдила дека експлозиите се случиле околу 8 часот изутрината, предизвикувајќи сериозна материјална штета, без да дава детали дали се поврзани со тероризам.
Според „Раша тудеј“, експолозиите се случиле на терминалот за летови на компанијата „Американ ерлајнс“. Аеродромот е затворен, забранети се полетувања и слетувања на авионите, а патниците се евакуирани. Затворена е и железничката станица „Завентем“.
Полицијата детално го прегледува секој автомобил или сомнително лице. Во близина на аеродромот е и седиштето на НАТО, каде што се забележува силно воено- полициско обезбедување.
Во исто време, белгиската полиција во пограничното гратче Вервие уапси 16 лица кои се осомничени за поврзаност со ќелии на радикални терористички организации што планирале извршување на терористички напад во Белгија.
Двете експлозии на бриселскиот аеродром доаѓаат по петочното апсење на првоосомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам, кој беше уапсен во полициска акција во предградието Моленбек.
